Летен список за читање

Летниот одмор е поубав со добри книги. Тие се верни придружници на секое патување. Имаат моќ да ве расположат, релаксираат и одведат на незаборавна авантура. Без разлика дали ова лето ќе го поминете на плажа или, пак, во градска средина, не заборавајте да ја освежите својата домашна библиотека со некој од новите наслови од издавачката…

„Зелениот дворец“ од Сибо: Книжевен времеплов на Скопје

Архитектурата, населбите, модата, фотографиите, историјата, приказните и значајните скопјани, се само дел од темите што ќе бидат опфатени на разговорот за Скопје, инспириран од книгата „Зелениот дворец“ од Сибо. Средбата ќе се одржи на 26 јули (среда), во 20 часот, во паркот на МКЦ, во рамките на настанот „МКЦ за Скопје“. Скопје од втората деценија на дваесеттиот…

Славниот писател Милан Кундера почина на 94 години

Еден од најпознатите современи светски писатели Милан Кундера почина на 94-годишна возраст. Чешкиот автор, кој од 1975 година живееше и твореше во Париз, зад себе остави богато книжевно творештво, меѓу кои и култните книги: „Шега“, „Неподносливата леснотија на постоењето“, „Смешни љубови“, „Книгата за смеата и за заборавот“ и други. Пишуваше на француски и на чешки…

Почина писателот Владимир Плавевски

Познатиот македонски писател, пасиониран фотограф и доктор Владимир Плавевски почина на 74-годишна возраст. Зад себе остави големо книжевно творештво, фотографии, сценарија за театарски драми, радиодрами и неколку филмови. Плавевски е роден на 11 декември 1948 година во Скопје. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1974 година. Својот работен век го помина како оториноларинголог. Од…

Маја Мишевска: Со моите сликовници сакам да им помогнам на децата да го прифатат светот околу нив

Темнината не е страшна! Дружељубивоста е важна! Упорноста се исплати! Другарството е богатство! Ова се главните пораки на сликовниците од младата авторка Маја Мишевска, објавени под едицијата „Железница на чувствата“, во рамките на импринтот „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Досега од печат се излезени: „Бувот Оли“, „Гасеницата Кики“, „Мравката Тони“ и „Бумбарот Боби“,…

„Порта Европа“: „Приказна за духовите“ од Лаура Фројденталер е роман за неприпадноста и отуѓеноста

Романот „Приказна за духовите“ од австриската писателка Лаура Фројденталер, кој е добитник на наградата на Европската унија во 2019 година, беше претставен со онлајн-промоција вчеравечер (27 јуни), на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“. Тоа е едно од делата за кои на конкурс се избираше дизајн за корици за едицијата „Порта Европа“. Победничкото решение на Лара Маринковиќ…

Онлајн-промоција на романот „Приказна за духовите“ од Лаура Фројденталер

Романот „Приказна за духовите“ од австриската писателка Лаура Фројденталер ќе биде претставен со онлајн-промоција на 27 јуни (вторник), во 19 часот, на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“. На промоцијата, покрај авторката Фројденталер, ќе зборуваат и уредничката на книгата Бисера Бендевска и Ксенија Чочкова, која го преведе романот од германски јазик. „Приказна за духовите“, која е добитник…

„Летото по книгите се памети!“ – нова продажна акција на „Арс Ламина“ со попусти до 40 отсто

На првиот ден од летото, 21 јуни, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја почна својата продажна акција „Летото по книгите се памети“. Во рамките на акцијата, која ќе трае до 14 јули, ќе има попусти до 40 % на сто наслови од областа на белетристиката (бестселери и книги за мотивација и самопомош), како и 20 отсто…

Нил Фолберг: Во фотографиите од „Огледало во Македонија“ се пронајдов себеси

Повеќе од половина век по првиот престој во Македонија, американско-израелскиот антрополог и фотограф Нил Фолберг, вчеравечер (19 јуни), во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје ја промовираше фотомонографијата  „Огледало во Македонија“. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е етнографска фоторепортажа за нашата земја од седумдесеттите години…

Доделени наградите за најдобрите литературни и ликовни дела на конкурсот „Читањето е супермоќ“ во организација на „Арс Ламина“

Во разиграна атмосфера, во присуство на многубројни деца и нивните родители, во саботата (17 јуни), во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ во Скопје, беа наградени најдобрите ученици на конкурсот „Читањето е супермоќ“, во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“. На завршниот настан на истоимената кампања, за оваа учебна година, настапија талентираните ученици од неколку…

Литературно-музичкиот хепенинг „Читањето е супермоќ“ се преместува во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“

Поради лошите временски услови, проследени со постојани врнежи, настанот „Читањето е супермоќ“, закажан за утре (17 јуни, сабота) во 11 часот, наместо на Школка во Градскиот парк, ќе се одржи во затворен простор, поточно во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ во Скопје. На литературно-музичкиот настан ќе бидат наградени победниците на литературниот и ликовен конкурс…

Мимоза Ристова: Во романот „Варшавската срна“ ги реанимирам трите љубови на Марија Склодовска Кири

Трите љубови на двојната добитничка на Нобеловата награда, Марија Склодовска Кири, се во срцевината на новиот роман „Варшавската срна“ од Мимоза Ристова. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер (14.06), во Музејот на Град Скопје. Романот се темели на некои општопознати факти и настани врзани…

Промоција на „Варшавската срна“ од Мимоза Ристова во Музејот на Град Скопје

Новиот роман „Варшавската срна: трите љубови на Марија Склодовска Кири“ од Мимоза Ристова ќе биде промовиран на 14.06 (среда), во 19 часот, во Музејот на Град Скопје. Промотор на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска. Романот се темели на некои општопознати факти…

Катица Ќулавкова: Стихозбирката „На врв на јазикот“ е рефлексија на личните и општествените емоции за домот и јазикот

Во присуство на многубројни гости од културната и академската сфера, читатели и претставници на медиумите, вчеравечер (6 јуни), во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје се одржа промоцијата на новата стихозбирка на академик Катица Ќулавкова – „На врв на јазикот“. Модераторката на настанот и уредничка на книгата, Оливера Ќорвезироска, го почна ова поетско претставување…

Работилница инспирирана од едицијата „Нови бајки од Македонија“ во чест на Меѓународниот ден на децата

Приказните од сликовниците од едицијата „Нови бајки од Македонија“ беа инспирација за работилницата за деца, што денеска, 1 јуни, се одржа во Канцеларијата на претседателот на Р. С. Македонија, „Млади хаб“ во Скопје. На настанот, кој беше реализиран во чест на Меѓународниот ден на децата, учествуваа учениците од 3-1 одд. при ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“…